Индискиот бизнисмен Субрата Рој, денеска ќе ја посети локацијата во Љубаништа, каде според најавите неговата компанија „Сахара Индија Паривар“ треба да гради луксузен туристички комплекс, јави Охридњуз.
Компанијата на Субрата кај Љубаништа сака да го изгради ресорт кој ќе се протега на површина од над 240 хектари, а во него ќе има хотел на вода со казино, марина, голф терени и повеќе елитни населби.
Субрата Рој во Охрид пристигна вчера со два приватни авиони и педесетчлена делегавија. Непосредно по слетувањето на охридскиот аердром тој изјави:
-Работите сега веќе созреваат. Имаме големи амбиции и планови, но за тоа секако потребно е многу време. .
За време на посетата Субрата Рој ќе има средби со премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.