Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД.
Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на „World Film Fair“ во Њујорк оваа година. Покрај наградата за најдобар филм, „Јавачи на коњи“ на „Fam Fest“ се пласираше и како полуфиналист на „Los Angeles Cinefest“.
„Јавачи на коњи“ е македонски независен филм кој премиерно беше прикажан минатата година. Досега филмот учествуваше на 20 фестивали во Европа и светот, меѓу кои во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст