| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници Романци трет ден протестираат против владата

Илјадници Романци излегоа во неделата, тред ден со ред, на улиците на престолнината Букурешт, пroтeстирај’и против владата и претераната употреба на сила којашто полицијата ја примени во петокот кога со повреди завршија повеќе од 450 лица и триесетина полицајци.

Во неделата се собрале помалку демонстранти, споредено со саботата и петокот, оценуваат медиумите во своите извештаи. Демонстрантите ја пееле химната и виореле националнi знамиња и повторно крајна дестинација била парламентот. Повторно ја обвиниле владата за корупција и барале нејзина оставка.

Во петокот околу 80.000 денонстранти бараа оставка на владата водена од социјалдмократите PSD на примерката Виорица Данчила, која ја обвинуваат за голема корупција и намера преку правосудните реформи dа го контролира судството.

Во Романија последните година и половина редовно се одвиваат протести, а врвот беше во февруари 2017 година, кога според процените на улиците имаше половина милиони луѓе, но тогаш не беше забележан ниеден инцидент.

По враќањето на власт кон крајот на 2016 година, социјалдемократите започнаа голема реформа на правосудството којашто според оцените на критичарите во ЕУ претставува закана за независноста на судиите и им овозможува на политичките функционери да ги избегнат прогоните поради корупцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top