| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Е море Зајко, на кое ниво падна, цел Балкан ни се смее

Александар Пандов на социјалната мрежа Фејсбук, посвети статус до премиерот Заев и претседателот Радев, кој јавно побара извинување од Зоран Заев до Бугарскиот народ затоа што се мешал и ја навредил бугарската историја. На ова Пандов преку својот статус му пишува на Заев дека со нивото на кое паднал само и штети на Македонија и цел Балкан ни се смее.

-Лошото во сето ова е што луѓето во Бугарија тебе те перципираат како премиер на Република Македонија и со самото тоа чинам дека имаат чувство дека преку тебе си играат мајтап со сите нас. Така да Зоки меѓу другото и за ова понижување и бламирање што ни го правиш да ни се смее цел Балкан, на 30.09 Македонија ќе #Бојкотирам, пишува на Фејсбук Пандов.

Уште еден бугарски стап од Радев по свитката кичма: Фејсбук не е доволен, Заев да се извини официјално

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top