Денеска сакам да дадам изјава поради соопштувањето на цената на пченицата од страна на Министерството за земјоделие и советникот на кабинетот Трајан Димковски, бидејќи ја соопшти цената од 10 до 11 денара и кај земјоделците се јави голема реакција. Реакцијата е поради тоа што тоа не е точна информацијата за цената која што ја соопшти Министерството за земјоделие, откупната цена во Овчеполието, па и пошироко во државата се движеше од 8 денари до 8 и пол со ДДВ, вели Стојчевски Ангелче, индивидуален земјоделец и претседател на Овчеполски фармер.
Стојчевски посочи дека советникот на министерот Љупчо Николовски, Трајан Димовски упатил навредливи зборови кон земјоделците кажувајќи им дека тие лажеле за цената.
Стојчевски за ваквите обвинување нагласи дека не е точно додавајќи дека само млиновите во Овчеполието од 5 до 10 проценти ја откупиле пченицата, додека рестот на пченицата завршила за извоз односно 80 проценти од пченицата заврши за извоз во Грција.
-Не е точно и го демантирам Трајан дека нашата пченица била сточна пченица, наменета за стоката. Тоа не е точно. Како може да заврши за извоз а да биде за сточна храна. Тоа не е точно, тоа е лажна информација и сакам пред јавноста Трајан Димовски да се извини пред сите земјоделци за навредите дека сме биле лажговци, кажа Стојчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст