| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија гасот е најскап во Европа, а струјата е најевтина

Еуростат, за прв пат објави компаративни податоци за сите земји во и надвор од Унијата по колку точно плаќаат за гас, а Македонија е земјата која најскапо плаќа за овој извор на енергија.
Чисто за гасот како енергенс граѓаните и македонските компании плаќаат по 0,037 евра од киловат-час, што е најскапо од сите преостанати земји. Најевтино го плаќаат Романија (0,016), Турција (0,016), Бугарија (0,017), Литванија (0,017), Унгарија (0,019).
Македонците „ги спасува“ тоа што на овој чист трошок плаќаат најниски давачки за гасоводната мрежа (0,0048 евра по киловат-час)) и за данокот (0,0075 евра по киловат-час). И со овие олеснителни давачки, македонските физички и правни лица не стојат добро во вкупниот трошок. И на тој начин помалку од нас плаќаат Србија, Молдавија, Турција, Британија, Полска, Словачка, Летонија, Литванија, Естонија, Луксембург, Хрватска, Унгарија, Бугарија и Романија. Само десет земји имаат поскапа цена.
Во истиот извештај на Евростат има и цена за електрична енергија, Македонија парадоксално е земја со најевтина струја, но не и со ниска цена на гас.
Јазот на цената помеѓу струјата и гасот треба да биде многу поголем ако се знае дека струјата е многу поскап извор на енергија од гасот во Европа, но во Македонија за струја се плаќа 0.08 евра по киловат-час, додека за гас 0,05 евра по киловат-час.
Од Македонија во Европа помалку за струја плаќаат само Србија и Косово. Гледано само како снабдување со струја трошокот е скап и чини 0,05 евра по киловат-час, но евтино е трошокот за мрежата (.0,017) и даноците.(0,013).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top