За осумкратното убиство, што се случи во селото Ресул кај Валона, кога маж уби осум, а повреди шест негови роднини, албанската опозициска Демократска партија го обвини премиерот Еди Рама за отсуството на било каква реакција од негова страна, „продолжувајќи го мирно одморот со семејството”.
Трагедијата со право го вознемири секој Албанец.
Прво реагираше лидерот на партијата Љуљзим Баша, кој изрази длабоко сочувство до блиските на убиените и оцени дека настанот кој ја вознемири целокупната албанска и поширока јавност претставува потврда за загрижувачката небезбедност која секојдневно се зголемува.
По Баша реагираше и Еди Палока, координатор на пратеничката група на ДП во албанското Собрание, кој го обвини премиерот Рама дека воопшто не кажал ниту еден збор на утеха за семејствата на убиените, но затоа продолжувајќи го одморот во Валона, преку Фејсбук напишал „Ви посакувам спокоен викенд“.
Единствен кој продолжува да живее во друг свет е премиерот на оваа земја. Во овие загрижувачки моменти тој одмара во Валона од каде посакува спокоен викенд. Цинизам е еден премиер да не најде ниту миг за никого, обвинува Палока.
Му пишал и на Рама: Зошто Албанецот Зикај сотре цело семејство – за шест кокошки!
За третата по големина политичка партија, опозициското Движење за социјалистичка интеграција, настанот е последица на нерешените матни проблеми во една од најсиромашните области во земјата, која е заборавена од Владата.
На социјалните мрежи на кои има низа реакции, граѓаните изразуваат револт што иако настанот е еден од најсмртоносните во последните децении во Албанија, „албанскиот државен врв воопшто не е загрижен и продолжува со одморот како во земјата да е се во ред”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст