| четврток, 6 декември 2018 |

Шојгу за германскиот дијалог со Москва „од позиција на единство и сила”: Прашајте си ги дедовците дали ви е паметно

Рускиот министер за одбрана ја потсети  германската колешка дека пристапот кон Москва од „позиција на единство и сила“, не е најмудрата идеја, потсетувајќи на горчливата историја од Втората светска војна поради која Берлин треба да биде повнимателен.

„Ние сме отворени за дијалог. Ние сме подготвени за нормална соработка, но воопшто не од позиција на сила“, изјави Сергеј Шојгу за телевизијата Русија 24. „Сигурно се надевам дека времето кога со нас се разговарало – како што некогаш некои велеа – како земја од втор или трет ред, сега е неповратно поминато”, пренесува „Раша тудеј“.

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, неодамна повика на дијалог со Москва само од “позиција на единство и сила”, за што Шојгу ја потсети колешката дека, додека Русија бара мир, нема да толерира да биде принудена.

„По сето она што Германија ѝ го направи за нашата земја, мислам дека не треба да зборуваат за ова прашање за уште двесте години“, рече Шојгу.

„Прашајте ги бабите и дедовците за нивното искуство кога се разговара со Русија од позиција на сила. Веројатно ќе можат да ви кажат“.

Шојгу вели дека НАТО, вклучувајќи ја и Германија, не може да се справи со реалноста дека Русија се враќа на светската сцена како независен актер со силна и моќна воена сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top