Регулаторна комисија за енергија со предлог-правилата за снабудвање со електрична енергија бара од избраниот универзален снабдувач да не ја исклучува струјата поради неплатени сметки во зимските месеци кај ранливите потрошувачи. Според регулаторите се работи за домаќинствата приматели на социјална помош, средства за нега од трето лице и хронично болните без егзистенција.
-Обврска на универзалниот снабдувач кон ранливите потрошувачи е неисклучување на ранлив потрошувач поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија во месеците декември, јануари и февруари, при што оваа мерка не се однесува на домаќинства во оддалечени подрачја запишани во евиденцијата за ранливи потрошувачи-, се вели во една од предложените обврски.
Според барањето снабдувачот ќе мора да упати известување во писмена форма за планираното исклучување најдоцна 40 дена пред исклучувањето до социјалците, нема да смее да ги исклучува поради неплатена фактура за испорачана енергија ако од рокот за достасаност за плаќање на сметката не се поминати повеќе од 60 дена, мора да му овозможи одложено плаќање на достасаниот долг или реструктурирање на долгот, при што долгот што е предмет на реструктуирање се исплаќа во најмалку шест еднакви месечни рати. Доколку е исклучен, за повторно вклучување му следи ослободување од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување.
Универзалниот снабдувач ќе мора да води евиденција на домаќинствата кои се стекнале со статус на ранлив потрошувач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст