| четврток, 6 декември 2018 |

„Европските пари ќе исчезнат во Хрватска“ колумна на британски европратеник

Godfrey_Bloom-wikipedia62510 дена Хрватска е членка на ЕУ, но не сите во Унијата се среќни заради тоа. Британскиот европратеник Годфри Блум напишал колумна за влезот на Хрватска во ЕУ, во која заклучува како е тоа лошо за Унијата.

„Огромни пари кои ќе се слеат во Хрватска преку субвенции или регионално финансирање едноставно ќе исчезнат. „Коалицијата за финансиска транспарентност“ ја позиционира Хрватска дури зад Намибија кога во прашање е финансиската чесност„, стои во колумната која Блум ја поткрепува со затворската казна на експремиерот Санадер заради поткуп. Потоа Блум стравува од големата 20 процентна невработеност во земјата заради што Хрватите ќе бараат работа надвор, а тоа „ќе ја намали платата на работниците, што ќ прерасне во тензија“.

Меѓу фактите зошто е лошо што Хрватска стана дел од ЕУ,британскиот европратеник наведува дека „тоа ќе ги поттикне и другите држави од поранешна Југославија да го сторат тоа“. Тој особено ја нагласува БиХ како „дом за некои исламски екстремисти кои биле наградени бидејќи се бореле во војната“.

Тој во својата колумна ја наведува и бугарската мафија која била среќна заради влезот во ЕУ па заклучува дека исто така се радува и хрватската мафија.

Годфри Блум и претходно ја предупредувал Хрватска да не влегува во ЕУ, бидејќи „поисплатливо е да се остане надвор“. Тоа го објаснувал со информации дека Британија влезот го платила со раширена корупција и рушење на правниот систем, како и тоа дека не се знае како се трошат британските пари кои се праќаат о Брисел за да се пополни сметката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top