| четврток, 6 декември 2018 |

Се утврдуваат причините за смртта: Почина скопјанец, претходно пријавил напад

Вчера во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал С.М. (66) од Скопје, кој бил примен на 3 август годинава.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Ноќта околу 3 часот на 3 август С.М. пријавил дека истиот ден околу 02.00 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око и расекотина на десниот образ).

По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top