| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка на трансроден син ја донира матката: Сакам и тие жени да раѓаат

Силвија Парк ја донирала матката неодамна, а таа постапка ѝ помогнала на жена без матка да добие бебе. Парк има трансроден син (21) и бидејќи „излегол од неа“, таа и нејзиниот сопруг како поддржувачи на своето дете станале посветени сојузници на ЛГБТ.  Иако матките се уште не можат да се трансплантираат во трансродни жени, Силвија Парк одлучила да ја донира својата матка и да ѝ помогне на науката во иднина донираниот орган да може да се пресади во анатромски роден маж. Вели дека сака да мисли дека би го сторила истото и да нема трансродно дете, пишува Дејли меил.

Четириесет и деветгодишната жена е мајка на три деца и среќно одгледала трансроден син, уште две деца и внуци и знае дека повеќе не сака да раѓа. Вели дека набљудувањето и солидарноста со трансродниот син низ неговата трансформација ја натерале да сфати дека нејзината матка може да ѝ помогне на трансродна жена.

Досега никој не извршил успешна трансплантација на матка оа лице родено со машка натомија, а и самата трансплантација на матка е многу експериментална процедура. Сепак, Парк се надева дека трансплантацијата кај анатомска жена ќе им помогне на лекарите од Универзитетот Бејлор подобро да ја разберат процедурата и еден ден да можат да им помогнат на трансродовите жени да имаат дете.

Таа не знаела дека нејзиниот син, кој е роден како женско, е трансродно лице. На 16 години дошол и ѝ рекол: „Јaс сум машко“.

Парк е спортис во одлична здравтвена состојба, па била и совршел донатор, па побрзала да помогне неколу пред менопаузата. Сепак, таа не сакала да ја запознае жената на која ѝ ја донирала матката. Двете жени кои делат орган не знаат ништо една за друга. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top