| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Лазаров соиграч на Ангелов и Јоноски во Ратинген

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Лазаров кариерата ќе ја продолжи во германскиот третолигаш Ратинген, официјално објави клубот. Лазаров потпишал тригодишен договор со тимот кој има цел да се пласира во втората германска лига оваа сезона.

Филип Лазаров во Ратинген ќе биде во друштво на македонските интернационалци Петар Ангелов Диви и Ацо Јоноски. Токму Јоноски бил иницијаторот на доаѓањето на Лазаров во германскиот клуб.

– Ми се допадна визијата на клубот, а одличната организација ми помогна да го изберам Ратинген. Убеден сум дека ќе имам убави моменти со моето семејство тука – коментираше 33 годишниот Лазаров.

Менаџерот на клубот Бастијан Шилеркамп упати јавна благодарност до Ацо Јоновски кој помогнал за реализација на овој трансфер.

Филип Лазаров во досегашната кариера има настапувано за најголемите македонски клубови Вардар и Металург, како и за Пелистер, Темишвар, Плер, а последен клуб му беше турски Бешикташ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top