Mожете ли да замислите ден без Инстаграм? Повеќето од вас веројатно не можат. Повеќето од вас исто така сигурно знаат дека на Инстаграм речиси да нема несовршена фотографија. Дури и оние кои можеби не изгледаат совршено, изгледаат совршено несовршено.
Милиони корисници секојдневно објавуваат фотографии со надеж дека својот животќе им го прикажат на другите како бајка без мана. За тоа користат филтери, бизарни агли за фотографирање, а некогаш дури и го ризикуваат животот.
Фотографка од Бангкок, Чомпу Баротон, со години се обидува на луѓето да им докаже дека животот не е онаков каков се обидуваат другите да го прикажат на Инстаграм, а воедно се обидува на луѓето да им открие колку е едноставно да се создаде идиличен приказ на оваа социјална мрежа.
Дека луѓето се трудат од петни жили да создадат совршена фотографија за Инстаграм покажа и случајот на Катарина Ел Затурска, која неодамна за малку ќе загинеше во обидот да се фотографира со ајкули.
Не, луѓето не испаѓаат совршено на фотографија со едно чкрапање, за совршена фотка работат со часови. И изведуваат некои навистина глупави работи.
Дека Инстаграм е лага, покажува и блогерката Каролин Стрич, која создала илузија дека слави роденден во Дизниленд. Собрала илјадници лајкови и коментари, а утредента открила дека сето било лага – за да им докаже на луѓето дека на Инстаграм ноже да се излаже за се.
Слична работа докажува и најдолгиот стаклен мост на светот кој се наоѓа во Кина и кој е честа атракција на Инстаграм.
Но, во стварноста, тој е натрупан со туристи кои се трудат да фотографираат центиметар стакло околу своите нозе за да изгледа дека одат по облаци.
Наравоучение: НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА СЕ ШТО ГЛЕДАТЕ НА ИНСТАГРАМ!
Животот не е совршен, само луѓето се трудат од петни жили да го прикажат таков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст