Според објавените слики и снимки на Ритван Зикај (24) се потврдува дека тој ги убил осумте членови на неговото пошироко семејство и ранил уште шестмина. Осомничениот Зикај бил уапсен неколку килиометри подалеку од селото Ресуљај, 90 километри јужно од Тирана. Самата потера по убиецот траела 12 часа. При аспењето кај убиецот е пронајдено оружјето со кое го извршил злосторството, а за делото може да добие и доживотна робија. При апсењето бил сосема смирен и не покажувал емоции па албанските медиуми пренесуваат дека најверојатно се работи за ментално болно лице, но тој заклучок не е веројатен бидејќи за време на бегството комуницирал преку социјалните мрежи, па дури праќал и порака до премиерот Еди Рама.

Зошто овој човек ја сотрел целата фамилија?
Според албанските медиуми причината зошто Ритван Зикај ја сотрел фамилијата убивајќи осуммина е – затоа што му украле шест кокошки! По тој настан меѓу него и членовите на фамилијата имало спор и чести кавги, па дента кога се случил настанот убиецот во пијана состојба со калашников влегол во нивниот дом и го извршил делото. Најпрво ги убил Демира Зукаја (75, брат од неговиот дедо), потоа неговата жена Ферија (72), двајца синови и внуците како и малолетната внука Сара (17) и внукот Леџона (9) а потоа ранил уште шестмина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


