Три лица се повредени во двете сообраќајки што попладнево се случиле на автопатот Скопје-Тетово. Сообраќајките се случиле како последица на неприлагодената брзина и лизгавиот коловоз.
Од тетовската полиција велат дека првата сообраќајка се случила пред 17 часот во близина на ресторанот „Два фазани“ во близина на Сараќино, при што автомобил „голф 4“ со скопски регистарски таблички управуван од Б.С.(36) од Скопје удрил одзади во автомобил „сеат ибица“ управуван од Б.Р.(22) од Копанце. Дваесет и двегодипното момче Б.Р. од ударот се здобило со лесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската Клиничка болница било пуштен на домашно лекување. „Голфот“ по судирот продолжил неконтролирано да се движи, ја пробил банкината покрај автопатот и завршил во нива, но, за среќа, возачот поминал без повреди.
Втората несреќа се случила половина час подоцна во близина на Групчин, при што З.Б. (24) загубил контрола на автомобилот „пежо 206“ што го управувал, по што автомобилот излетал од патот и се превртел. Возачот и неговата сопатничка А.М.(23) од Скопје се здобиле со лесни телесни повреди и по укажаната помош во тетовската болница биле задржани за понатамошни набљудувања на состојбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.