Премиерот на Република Македонија Зоран Заев на Фејсбук и Инстаграм објави фотографија со која го промовира референдумот.
Со #МКвоНАТО со порака за безбедна иднина за нашите деца премиерот се обидува да не убеди дека е паметно и повеќе од потребно, за нашите деца, да си го смениме името.
И се ќе беше во ред доколку фотографијата беше авторска и оригинална направена во насока на промоција на заложбите на Владата за успешен референдум, наместо преземена од интернет, па пресечена, па зазалепена и малку монтирана.
Фотографиајта е од насловната страница на книга на канадската авторка Катрин Лекуе „Учење во реалноста“.

Фотографијата е пресечена под насловот на книгата, а на местото каде што пишува Platforma actual е залепен хаштагот #МКзаНАТО. Црвената лента на долниот дел од насловната страница повторно е пресечена, а врзо остатокот на испокасапената фотографија е додаден вториот дел од слоганот Безбедна иднина за нашите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


