“Кој сака да биде милионер?” е една од најпознатите емисии за љубителите на квизовите. Натпреварувачите во квизот одговараат на поставените прашања, а имаат и три џокери на располагање кои можат да ги искористат ако не го знаат одговорот.
Првите неколку прашања од квизот се обично лесни и натпреварувачите ги знаат одговорите, но знаат да се случат и неславни настапи на поединечни учесници.
Една од таквите личности е и 26-годишната Су Ајхан која се посрамотила во турската емисија “Кој сака да биде милионер?”.
На прашањето “Каде се наоѓа Кинескиот ѕид?”, натпреварувачката ги имала “Кина”, “Индија”, “Јужна Кореја” и “Јапонија” како понудени одговори. Таа најпрвин го искористила џокерот “прашај ја публиката” на што точно одговориле само 51 отсто од присутните во салата.
Поради тоа, Ајхан одлучила да го искористи и вториот џокер наречен “повикај пријател” и точно одговорила на ова прашање, благодарение на својот пријател.
Во своја одбрана, натпреварувачката изјавила дека може да се користи со џокерите онака како што таа сака, но за жал, таа испаднала веќе на следното прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


