Џордан Фармер досегашниот играч на турски Анадолу Ефес се враќа во родниот Лос Анѓелес и тоа во екипата на езерџиите каде играше од 2006 до 2010 година.
Поранешниот играч на Њу Џерси, Макаби и Ефес потпиша едногодишен договор за минимална плата од еден милион долари.
Екипата од Лос Анѓелес ќе мора да исплати 500 илјади долари обештетување на турскиот клуб затоа што Фармер имаше договор на две години со можност да го напушти по првата година ако стигне квалитетна понуда за него.
-Сакав да се вратам во НБА и тоа во екипата на Лејкерси. Ова е единствена опција на која се согласувам да играм за минимална плата – изјави Фармер.
Во дресот на Ефес одигра 22 натпревари во Евролига и постигнуваше солидни 13.7 поени, 3.1 скок и 4.1 асистенција по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.