Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од Центарот за јавно здравје Скопје добил известување за седум деца со симптоми на акутно труење со храна кои се јавиле на преглед во „Неуромедика“ во Скопје.
Како што се наведува во соопштението, децата на возраст од 13 до 15 години, во текот на вчерашниот ден консумирале ручек и вечера во трпезарија на ФФМ, а обезбедени од кетеринг-служба на ДПТУ Форцашпед ДООЕЛ Скопје, подружница „Галакујна“ бул. Србија бр.50 Аеродром, Скопје.
Симптомите кај децата се јавиле околу 6 часот утрово и биле идентични кај сите: гадење, тежина во стомак, пролив, главоболка и вртоглавица со полесна клиничка слика.
Од вкупно 54 деца, 3 тренери, 1 доктор кои јаделе од истата храна, на тегоби се пожалиле 45 деца. Шест од децата кои не ја консумирале истата храна немаат вакви тегоби.
Санитарни инспектори во соработка со епидемиолог и екипа од Центарот за јавно здравје (Скопје) и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство, денеска извршиле вонреден инспекциски надзор во подружницата „Галакујна“, односно во присуство на управителот извршиле увид во документацијата при што е констатирано дека санитарните книшки за 7 вработени се со уредно извршени здравствено-хигиенски прегледи, превентивна ДДД од страна на овластено правно лице е извршена на 18.06 годинава и постои решение за работа од АХВ, како и решение од Централен регистар.
Во тек на надзорот земени се материјали за бактериолошки мониторинг, односно брисеви од нежива природа и мостри од храна.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ги затворил објектите со цел прекинување на понатамошно јавување на заболени со знаци за акутно труење со храна, при што на вратите е поставена и службена лента.
Забраната ќе трае до обезбедување на наредените противепидемсики мерки: генерално механичко чистење на просторот и опремата, дезинфекција од страна на овластена здравствена установа, вонредни санитарно-хигиенски прегледи на вработените, како и контролни брисеви од работни површини и опрема. По добивањето на резултатите од земените брисеви, доколку има потреба, ДСЗИ ќе наложи и други противепидемиски мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст