Од почетокот на 2018 година во Европа преку Средоземното Море пристигнале над 60.000 мигранти и бегалци, а повеќе од 1.520 загинале или исчезнале на патот кон европскиот континент, соопшти денеска Меѓународната агенција за миграција (ИОМ).
– До 8 август во Европа пристигнале 60.309 мигранти и бегалци, а загинале 1.520 лица, од кои 10 само оваа недела, изјави портпаролот на ИОМ, Џоел Милман на прес-конференција во Женева.
Најголем број од мигрантите и бегалците што годинава пристигнале во Европа или 24.600 биле прифатени во Шпанија, речиси 19.000 во Италија, околу 16.500 во Грција, околу 250 на Малта и над 100 на Кипар.
Милман нагласи дека во истиот период лани преку Медитеранот во Европа пристигнале 117.000 мигранти и бегалци, а во 2016 година над 263.000.
Според податоците на ИОМ во светски рамки од почетокот на годината загинале 2.370 мигранти и бегалци, со што медитеранската рута со 1.520 жртви е „најопасна во светот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти