| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез била скитник, спиела во школата за играње

Jennifer Lopez Honored On The Hollywood Walk Of FameМожеби денес има богатство од 250 милиони долари, но 43-годишната Џенифер Лопез како тинејџерка била бездомник. Во интервјуто за магазинот „W“ открива дека на 18 години морала да се бори за своите соништа и не било лесно, а поради кариерата се искарала и со својата мајка Гвадалупе Родригез.  Неколку пати спиела и на креветот на школата за играње во која тренирала.

Денешната ѕвезда им открила на своите родители дека сака да стане пејачка, а бидејќи нејзината мајка не се согласувала со тоа, ЏејЛо се иселиле од куќата. Набрзо потоа започнала да добива ангажмани па од Бронкс се преселила во Лос Анџелес.

Ло вели дека на почетокот го мразела Л.А., но потоа се привикнала на градот.

На своите деца, 5 годишниот Макс и Еми кои се близнаци, Џенифер вели дека сака да им ја пренесе работната етика која ја освоила од родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top