| четврток, 6 декември 2018 |

Двапати демантира иста вест: Шапуриќ им се заканува на медиумите со тужби, невин бил

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, проф. д-р Зоран Шапуриќ, им се заканува на медиумите кои пишуваат за неговата вмешаност во доделување на финансиски средства на невладината организација Мултикултура од Тетово.

Демантот со најава за тужба ги објавуваме во целост:

„Со чиста свест и совест изјавувам дека немам никаква врска со грантот од Министерството за одбрана доделен на невладината организација Мултикултура од Тетово. Изјавувам уште еднаш дека не сум нејзин основач ниту член, а уште помалку дел од органите на управување на оваа невладина организација.

Во време на спроведување на предистражни постапки врз членови на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, партијата која го имаше окупирано целокупниот општествен систем и сите државни институции сеуште се служи со методи користени во времето на инквизицијата, кога беа обвинувани и осудувани недолжни граѓани без никакви аргументи.

Ширејќи ноторни лаги и невистини ВМРО-ДПМНЕ прави обид за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет граден долги години наназад. Во мојата професионална и политичка кариера за разлика од бројни личности од ВМРО-ДПМНЕ сум работел и сеуште работам исклучиво согласно законот и моралните норми. Досега во мојот живот немам добиено ниту прекршочна пријава за сообраќаен или било каков друг прекршок.

И по втор пат наведувам дека ги повикувам сите надлежни органи и институции да го испитаат случајот во најситни детали за да се утврди вистината преку која ќе ја исчистам оваа дамка која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ми ја постави.

Иако пред некој ден, преку соопштение јавно укажав дека немам никакво влијание ниту интерес од активностите на доделување на финансиски средства од Министерството за култура, некои новинари и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврдат спротивното.

Од тие причини јас сум приморан правдата да ја барам преку надлежните институции и затоа ја информирам јавноста дека деновиве ќе покренам соодветна судска постапка пред надлежни судови“.

Министерот проф. д-р Шапуриќ веќе ја демантираше веста дека Радмила Шекеринска доделила 400.000 евра на невладнија во која тој е член на Управниот одбор.

Шапуриќ демантира дека е поврзан со невладината организација Мултикултура од Тетово

Последно, објавивме дека невладината Мултикултура, која се поврзува со Шапуриќ, добила пари за вработување и од Министерството за труд и социјална политика. Министерот не ја демантоира оваа вест.

Фантомската невладина на Шапуриќ добила пари и од Царовска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top