| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Маркл: Нема да паднам на крокодилските солзи на татко ми …

Драматра која го засени семејството на Меган Маркл поради нејзината венчавка со принцот Хари, нема крај. Нејзиниот татко Томас Маркл почна интензивно да комуницира со медиумите и да открива приватни детали од нејзиниот живот, а истакна дека неговата здравствена состојба е лоша, но дека на Меган веројатно би и било полесно да е мртов.

Меган, како што пишува бирански Сан, им се доверила на пријателите дека нејзиниот татко емотивно ја уценува.

„Меган нема да падне на крокодилските солзи на нејзиниот татко. Единствена желба за роденден која ја има е тој да престане да зборува со новинарите и да закопува со изјави дека би било се полесно ако е мртов“, открива извор.

„Нема намера наскоро да зборува со него ниту да го посети“, заклучува блискиот пријател на Маркл.

За потсетување, таткото на Меган се пожали на медиумите дека неговата ќерка ги променила сите телефонски броеви и дека не се слушнале откако се омажила за принцот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top