| четврток, 6 декември 2018 |

Инсулин пред истек на рокот им се дели на деца и млади луѓе

На првата прес-конференција која како новоназначен министер за здравство ја оддржа Венко Филипче зборуваше токму за инсулинот, дека нема инсулинска криза и оти нема никаков проблем со лекот, а само неколку месеци подоцна, истиот тој лек го дели пред истек на рокот во септември, објави Курир.

Вчера, инсулини со рок на траење до 9-ти месец им биле давани и на деца.

Граѓаните кои примаат инсулин, револтирано прашуваат како можат да ги употребат сите тие флакончиња со инсулини за 2 недели и дали после треба да го земаат лекот со поминат рок.

„Филипче, што правиш, дали си свесен воопшто што правиш??? На сите дијабетичари тип 1 , меѓу кои најголем процент се деца и млади луѓе, ни дадовте инсулни, чиј што рок е до 9-ти месец!!!! Како можеме да ги употребиме сите тие флакончиња за 2 недели???? Што е ова, бре? Убиство? После треба со поминат рок ли да земаме инсулини? Па вчера вакви инсулини, кои имаат рок на траење уште две недели и кои се донација, им дадовте на деца, кои чекаа пред мене. БРЕ!!! Овие инсулини мене треба да ми траат месец и половина, а рокот е до 9-ти 2018 !! Значи после тоа со поминат рок ли да земам? А бе, што правите? Ова НИКАДЕ ГО НЕМА“, пишува во објавата на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top