Две пушки, пиштол и злато украдени од куќа во Влае за само два часа, колкушто била отсутна од дома скопјанката која ја пријавила кражбата.
Вчера околу пладне во Полициската станица Карпош, Л.З. (53) од Скопје пријавила дека истиот ден во периодот од 09.45 часот до 11.30 часот непознат сторител извршил тешка кражба во нејзината куќа на ул.„Франц Прешерн“. Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел две пушки и пиштол марка „Црвена Застава М-88“ калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг, златен накит и 70 евра, по што побегнал во непознат правец.
МВР информира дека презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст