Анализите во референтната лабораторија во ЕУ потврдија присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во земјава од Србија од страна на компанијата Виталија, а дистрибуирани преку КАМ ДОО Скопје. Количеството од 510 килограми соини трошки и шницли ќе бидат уништени, а увозниците и операторите ќе добијат парични казни до пет илјади евра. Казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.
– Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринаство.
Оттаму додаваат дека увезената соја е по потекло од компанијата “Сојапротеин” од Бечеј, Република Србија, а мострите беа земени во рамки на Мониторинг програмата за безбедност на храната која ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.
– Во Република Македонија, производите соини шницли увезени се од операторот со храна “Виталиа”, а дистрибуирани во прометот преку операторот со храна КАМ ДОО Скопје. Увозот на соините трошки, извршен е од страна на операторот со храна “Сопродекс”, а во прометот, исто така биле дистрибуирани преку операторот со храна “КАМ” ДОО Скопје.
– Соините шницли и соините трошки во количина од 510 килограми, дел затекнати во магацин, дел повлечени од продажба, се наоѓаат под официјален надзор и деновиве ќе бидат нештетно уништени, исто како и позитивната мостра ориз во количина од 550 килограми, по потекло од кочанско, произведена од увозен семенски материјал, наведуваат од Агенцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува план за контрола за присуство на ГМО кај годинашнава нова реколта ориз што се произведува во Република Македонија.
Согласно Законот за безбедност на храна, забранет е увоз, производство и промет во Република Македонија на храна и производи од храна која содржи ГМО или е составена од ГМО.
За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до пет илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст