Подобро во косовски затвор отколку на судење за „Монструм“ во Mакедонија, рече Африм Исмаиловиќ денеска во судницата во Приштина.
Нему и на Алил Демири им се суди за нелегално поседување оружје, откако пред пет месеци беа уапсени во Приштина, известува Канал 5, чија екипа присуствуваше на рочиштето.
Пресудата ќе биде изречена в петок.
Најмалку 2 години затвор се проценките за казната за обвинението во Приштина, велат косовски правници, пренесува Канал 5.
Африм Исмаиловиќ го призна делото, оти, како што објасни неговиот адвокат денеска, се плаши од судење во Македонија. Алил Демири се бранеше со молчење.
Доколку добијат затвор, адвокатите на двајцата обвинети ќе инсистираат казната да ја одлежат во Косово.
Според адвокатот на Демири, слаби се доказите за обвинението за поседување оружје.
Судењето го следеа роднини на обвинетите, Канал 5 и новинар од еден косовски медиум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


