| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко: Саудиски проектил погоди автобус полн со деца, 50 загинати (ВИДЕО)

Спорд најновите информации на Си-ен-ен, повикувајќи се на Министерството за здравство, убиени се околу 50 деца, а 77 се повредени. Ци-ен-ен додава дека наведеното министерство е под контрола на бунтовниците.

Претходно, десетици луѓе, меѓу кои и деца, се убиени во воздушен напад во северот на Јемен, објави денес Меѓународниот црвен крст. Бунтовниците ја обвинуваат за нападот Саудиска Арабија.

„Десетици мртви, уште повеќе ранети, повеќето деца помлади од 10 години“, објави на Твитер шефот на Крвениот крст во Јемен Џонс Брауер.

Проиранските бунтовници Хути велат дека најмалку 39 луѓе се убиени, а 43 ранети кога авион на саудиската коалиција со проектил погодил автобус со деца на училишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top