| четврток, 6 декември 2018 |

Со бесшумните авиони, утре трета фаза прскање против комарци

Градот Скопје од утре почнува трета фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци.

Од Град Скопје информираат дека авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од утре до 13 август, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 13 до 17 август во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Поради најавеното прскање се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top