Цели семејства, баби и дедовци со внучиња, мајка со син, татко со две деца, брачни парови, странски државјани, две неидентификувани лица, 44 жени, 35 мажи и 11 деца содржи листата на 92. загинати во катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика на 23 јули.
Повеќе од две седмици по трагедијата, од Генералниот секретаријат за цивилна заштита ги објавија имињата на загинатите лица.
Најмладата жртва е 6-месечно бебе, а најстарата 95-годишна жена.
Загинатите деца се родени меѓу 2007 и 2013 година.
Освен 9-годишните близначки по кои трагаше Грција, а нивните тела беа меѓу јагленосаните, пронајдени прегрнати со нивните баба и дедо, на листата со жртви има и други две близначки, родени 2013 кои загинаа заедно со нивната мајка и баба.
Бебето, кое не дочека да биде крстено, родено е на 23 јануари годинава, а трагично го загуби живото точно 6 месеци подоцна, на 23 јули во катастрофалниот пожар
Меѓу загинатите има државјани на Ирска, Полска и Белгија.
На листата со жртви се и двете неидентификувани лица за кои има достапна ДНК, меѓутоа не постојат роднини за да се направи споредба и анализа.
Меѓу 92 загинати се и деветте лица кои им подлегнаа на повредите во атинските болници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст