| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Казахстан единствени земји во светот кои прифатиле свои уапсени терористи

Македонија и Казахстан се првите европски земји кои се согласиле и прифатиле да спроведат свои државјани кои се уапсени како странски платеници на боиштата во сирија на страната на Исламска држава, пишува најтиражниот германски весник „Билд“ откако во вторникот беа вратени седум осомничени терористи кои учествувале во војните на Блискиот исток.

Според весникот, притисокот го врши САД, кои започнале со враќање на повеќе заробени борци на ткн. Исламска држава од северна Сирија во нивните матични земји.

Се работи за стотици терористи кои им се предале на милициите на Курдите (ИПГ) по освојувањето на самопрогласениот главен град на Исламската држава, Рака во есента 2017 година, но немаат капацитет како да ги третираат заробениците што се предале, па се барало решение од САД.

Самиот Пентагон потврди дека се работи за репатријација на уапсени платреници, а не за акција на македонската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top