По повод убиството на една жена и на нејзината 9-годишна ќерка, што се случи на 6-ти овој месец, активисти за човекови права под организација на Мрежата на жени на Косово (МЖК), под мотото „Стоп за убивањето на жените и девојчињата“, во понеделник, на 13 август ќе одржат протест во Ѓаковица.
Протестот е со цел да се побара одговорност од надлежните органи кои не ги преземаат неопходните мерки за да ги спречат насилството и убивањето на жените и девојчињата.
„Бараме да се стави крај на насилството и да им го пренесеме на сите институции во Косово и на косовското општество нашето противење со само една реченица: Доста веќе со правдање!“, се вели во повикот на граѓанските организации.
Се бара поголема заштита на жените и покрај тоа што тие редовно пријавуваат случаи на семејсно насилство. Таков беше случајот и со убиената 40 годишна жена и нејзината 9 годишна ќерка, на која и се заканил со смс порака. Полицијата соопшти дека по пријавата го побарала мажот за да разговара со него, но не успеала да го контактира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст