Расказот со наслов „Потфрлување на топката“ на авторот под шифра „Горе главата“ е победник на конкурсот за најдобар расказ што општина Охрид го распишува во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго.
Членовите на комисијата што ги оценува трудовите на денешната прес-конференција појаснија дека „Потфрлување на топката“ бил избран за најдобар во конкуренција на 50 други пријавени раскази.
– Во расказот се чувствува иновација преку збиена преисполонета нарација која е преточена во вид на сценарио низ која строго се движи главната мисла. Расказите ги задоволуваат критериумите на конкурсот каде преовладуваат актуелни, политички и социјални теми, истакна професорката Кристина Николоска.
За професорот Димитар Пандев „Потфрлување на топката“ претставува длабоко алегоричен расказ со збиен текст и многу игра на зборови и мисли, а главната идеја останува водечка.
– На извесен начин се открива клучната тема на интертекстуалноста не само во литературата туку и во животот, подвлече тој.
Наградата на лауреатот ќе му биде доделена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што се одржува секоја година на 13-ти август во родното место на Чинго, селото Велгошти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст