Македонската модна дизјанерка Олгица Ѓоргиева беше дел од интернационален проект во кој соработуваше како костимограф во балетска претстава. Ѓоргиева ја изработи костимографијата за балетската претстава „Електра“ на музика на светски познатиот композитор Микис Теодоракис, која ја имаше премиерата во најстариот театар во Грција, на островот Сирос, во склоп на интернационалниот Егејски фестивал кој се одржува традиционално по 14 пат.
– Особено сум горда што имав прилика да соработувам и работам со познат интернационален режисер од Виена, господинот Ренато Занела. Костимографијата на неговите предходни проекти била направена од Валентино, Кристијан Лакроа, Жан Пол Готје… За мене тоа беше огромна чест и неверојатно искуство – вели Ѓоргиева во разговор за „Република“.
Таа објаснува како настанал ангажманот.
– Имав прилика да бидам на настан каде што присувствуваше и режисерот Занела. Во разговор за нашите професии тој се заинтересира за мојата работа. После нашата средба направил истражување што се имам работено. Наредниот ден ме повика на состанок, ми образложи дека веке погледнал се’што имам работено, дека сум многу талентирана и дека би сакал да ми понуди соработка за проект кој што тој долги години го организира. Пребрзо се случваа работите, немав премногу време да размислувам и да бидам свесна за понудата што ја добив. Го прифатив проектот и почнавме брзо да се подготвуваме . Од кога моите идеи и скици беа одобрени, почнавме со подготовки. Пробата на костимите ја правевме во Виена – вели Ѓоргиева.
Подготовките и реализацијата траеле еден и пол месец. Балетаните во претставата се од различни земји: Франција, Романија, Албанија, Бразил, Грција.
– Ова е особено драг проект за мене. Имав прилика во исто време да добијам потврда за мојата работа на интернационално ниво и што е најважно, за мене ова е едно поинакво, огромно и многу значајно искуство. Добив шанса да работам со прекрасен, интернационален тим, да стекнам нови пријателства и контакти, да споделам искуство. Ова е е солидна подлога за уште многу вакви проекти во иднина – вели Ѓоргиева.
Ова не е прво искуство како кореографка за македонската модна дизајнерка која претходно била дел од некои помали проекти.
– Но, ова е веќе нешто друго и на едно сосема поинакво ниво. Станува збор за интернационален проект, со интернационален режисер – вели Ѓоргиева.
За „Република“ објаснува што е она што и оставилоо најголем впечаток во соработката на „Електра“.
– Бев подготвена да одговорам на секаков предизвик И буквално уживав во секој дел од процесот – и во подготовките и во реализацијата. Претставата ќе ја паметам цел живот. Темата не е едноставна, но претставата се гледа во еден здив. Енергијата на луѓето од тимот беше фантастична сите функциониравме како семејство, сите беа професионалци во својот дел, а кога имате таква комбинација, успехот е само последица. Овој проект беше потврда за мене од повеќе аспекти, а особено за мојата работа како дизајнер. Подготвена сум за секакви предизвици – додава Ѓоргеива.
Таа уште не знае дали во Скопје во брзо време може да ја погледнеме балетската претстава „Електра“.
– Секако доколку режисерот донесе таква одлука можби ќе може да се погледне претставата – вели Ѓоргиева и додава дека во иднина со задоволство би била дел од ваков проект, ако добие повик и шанса.
– За уметноста нема граници, само натпревар на сопствената креативност, до каде си способен да гледаш отворено и до каде можеш да си ги прошириш хоризонтите на сопствената уметност! – вели Ѓоргиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст