| четврток, 6 декември 2018 |

Вчерашната „акција за апсење на терористи“ била лажњак – полицијата само транспортирала веќе уапсени терористи?!

Истиот ден кога Оливер Спасовски во соопштение до јавноста истакна дека ќе бара повлекување на Лазо Велковски директор на БЈБ поради скандалот со службеното возило кое беше користено за лични цели, уште еден нов скандал е на повидок во министерството.

Вчера македонските медиуми ги информираа граѓаните дека според МВР во полициска акција биле уапсени 7 припадници на ИСИС од Македонија кои се бореле во Ирак. Но, според пишувањата на Инфомакс, американското министерство за одбрана открива дека тие всушност веќе биле уапсени од страна на коалиционите сили кои се борат во Ирак, а се предводени од САД и се наоѓале во затвори во Сирија и Ирак, по што со хеликоптер биле пренесени во Скопје и предадени на македонската полиција.

Македонското министерство за внатрешни работи во ниту едно од своите соопштенија не спомена дека се работи за репатријација, туку дека македонската полиција спровела акција во која ги привела овие лица кои всушност веќе биле приведени.

-Полицијата ноќеска спроведе акција во која уапси македонски државјани на возраст до 47 години кои учествувале во воени и паравоени акции на туѓа територија, се вели во соопштението на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top