| четврток, 6 декември 2018 |

Десерт на денот: Домашен сладолед од кафе

Сладоледите се нашиот омилен летен десерт, но секогаш се радуваме кога ќе пробаме нешто иновативно, бидејќи веќе имаме навикнато на класичните овошни и чоколадни сладоледи. Подгответе го овој сладолед од кафе…

Потребни состојки:
3 децилитри сварено, па изладено кафе
150 грама индиски ореви
2 децилитри кокосово млеко
лажица какао во прав
лажица јаворов сируп
2 лажички екстракт од ванила
прстофат сол
чоколадо за готвење
лажица кокосово масло

Начин на подготовка:
Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги индиските ореви во врела вода 3-4 часа додека не омекнат. Пред да ги употребите, исцедете ја водата и измијте ги.

Во блендер ставете кафе, индиски ореви, кокосово млеко, какао, јаворов сируп, ванила и сол. Мешајте додека не добиете густа смеса. Истурете ја смесата во калапи за сладолед, по еден час додајте дрвено стапче и ставете ги во замрзнувач 6-8 часа.

Пред послужување, растопете го чоколадото за готвење со кокосово масло. Кога ќе го извадите сладоледот од калапите, потопете го во стопеното чоколадо и наросете парчиња чоколадо и кокос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top