Во денешно време, животот ни наметнува премногу обврски и честопати немаме доволно време за да обрнеме внимание на семејството и пријателите. Со самото тоа, не сме ни свесно што друштвото навистина мисли за нас. Дознајте што ви зборуваат пријателите зад грб, според вашиот хороскопски знак…
Овен
Имате еден куп добри идеи и секое ваше движење е како магија. Но разберете дека и другите луѓе имаат некои идеи и добро би било да им дозволите да ги кажат одвреме-навреме. Не би било лошо ни да им помогнете да ги остварат. Пријателите се секогаш тука за вас, но дали и вие сте тука за нив?
Бик
Застанете за секунда и размислете за вашите постапки. Супер е тоа што умеете совршено да комуницирате со природата и животните, но како би било да почнете да зборувате со луѓето? Молчењето нема да ве одведе никаде, а со сигурност нема да ви ги подобри односите со пријателите.
Близнаци
Ако ветите нешто, можете ли да се држите до тоа ветување? Забавни сте и тоа е супер, но добро би било да бидете помалку чудни. Пријателите ќе престанат да ве викаат за дружба, бидејќи постојано ги откачувате.
Рак
Намалете со жалбите. Пријателите се грижат за вас кога не сте добро и се радуваат кога сте среќни, но мора да олабавите малку. Не мора сите да знаат како се чувствувате во секој можен момент. Притоа, воопшто не водите сметка за тоа како се луѓето во вашата околина.
Лав
Светот не се врти околу вас! Шокантно, зар не? Пријателите ве сакаат и мислат дека сте фантастични, но и тие имаат свои животи. Би било убаво да ги сослушате, да им дозволите да кажат нешто, а не постојано да зборувате за себе.
Девица
Престроги сте кон самите себе. Навистина не ви треба толкава доза на самокритичност. Пријателите ве сакаат и се обидуваат да ве убедат колку сте прекрасни. Научете да го цените тоа.
Вага
Пријателите ја ценат вашата посветеност на правдата и рамнотежата. Сепак, би сакале понекогаш да донесуваш побрзи и похрабри одлуки. Константното колебање многу знае да нервира.
Скорпија
Сите се свесни за вашите таленти, особено за вашите вештини во кревет. Сепак, намалете ја вашата опсесија со контролата и посесивноста. Почнувате да ги плашите луѓето околу вас.
Стрелец
Забавете малку. Супер е тоа што сте секогаш во движење, но понекогаш тоа делува како да сте извршиле тежок злочин и мора да бегате од градот. Фрустрирачки е кога некој ќе се обиде да оствари нешто повеќе од површен контакт со вас, бидејќи никогаш не се знае каде сте и какви обврски имате.
Јарец
Не се сите совршени како вас, па затоа би било убаво да ги оставите другите на мира и да не го игнорирате фактот дека не се сите исти. Кога би работеле помалку и би поминувале повеќе време опуштени и опкружени со пријатели, би сфатиле колку всушност е добро несовршенството.
Водолија
Премногу сте ладни и независни. Дозволете им на луѓето да ви се доближат за да видат колку сте единствени и спектакуларни.
Риби
Вие сте вистински уметнички души, постојано правите некакви слатки подароци и им вршите услуги на пријателите, но честопати сте премногу расеани. Обидете се да се фокусирате малку повеќе на она што го правите во моментот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст