| четврток, 6 декември 2018 |

Со хеликоптери ќе се разнесува вода за пиење за животните во Швајцарија

Поради топлотниот бран што ја зафати Швајцарија, а ќе продолжи во следниве денови, воени хеликоптери ќе разнесуваат вода за пиење за животните во земјата.

Воените хеликоптери почнаа да носат залихи со вода до земјоделците и сточарите во планинските предели каде што илјадници крави страдаат од жед, поради недостиг на вода.

Цела Европа веќе извесен период се соочува со топлотeн бран, а синоптичарите најавуваат дека и во текот на наредните денови се очекува да се задржи топлото време во Европа.

Температурата на неколку езера драстично порасна, што доведува до масовен помор на рибите.

Во реките и езерата во Хамбург и околината за неколку дена, поради големи горештини, пцовисаа шест тони риба, а експертите стравуваат дека тоа е само почеток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top