| четврток, 6 декември 2018 |

Готово е, „Горење“ повеќе не е е словенечка гордост

Европската комисија ѝ одобри на кинеската Хисенсе група да го купи словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Горење“. Комисијата оценила дека преземањето нема да ја поремети конкуренцијата на пазарот.

Како што пренесува агенцијата СТА, Комисијата констатирала дека двете комапнии произуведуваат бела техника.

„Комисијата заклучи дека предложената трансакција нема да предизвика загриженост во поглед на конкуренција имајќи ги предвид ограничените пазарни позиции на двете компании заедно и фактот дека голем број конкуренти ќе останат на пазарот и по трансакцијата“, се наведува во одлуката на ЕК.

Кинеската компанија Хисенсе хоум аплајанс холдинг, со седиште во Луксембург, купила повеќе од 95% од акциите на Горење по цена од 12 евра по акција, со што вкупната вредност на трансакцијата достигнала износ од 293 милиони евра.

Хисенсе има обврска да го зачува брендот Горење и да ги задржи вработените во Велење. Оваа фабрика ќе биде центар за истражување и развој и главна производствена точка во Европа на конеската фабрика Хисенсе. Се очекува словенечката Комисија за заштита на конкуренцијата да ја донесе својата одлука за оваа аквизиција до есен. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top