| четврток, 6 декември 2018 |

22-годишно момче обесено во својата кабина на крузер

Србинот Никола Арнаутовиќ е пронајден обесен во својата кабина на крузерот од компанијата Карнивал. Тој бил дел од екипажот на бродот “Carnival Fascination”, а телото на младото момче било пронајдено во неделата во неговата кабина на бродот.

Арнаутовиќ е со потекло од Белград, а медиумите пренесуваат дека никој од персоналот немал замерки за неговата работа, како и дека ништо не укажува на трагедија. Компанијата изразила сочувство до семејството и пријателите, а како што се дознава, таа ќе ги подмири сите трошоци за пренесување на телото.

Но, светските медиуми потсетуваат дека овој случај не е единствен кога се во прашање работниците на крузерите.

Во февруари 2017 година, еден млад маж од Индија исто така се обесил во својата кабина на крузер. Цимерот пробал да го спаси со тоа што го скинал јажето со кое тој си пресудил, но било предоцна. Се зборува дека овој работник имал проблеми со својата жена, но никогаш не била утврдена причината за самоубиството.

Во 2016 година, Едуардо Санчез Смит кој работел како готвач на бродот “Island Princess” бил пронајден обесен во кабина, а тоа бил негов прв договор за работа на брод. Пријателите сведочеле дека Смит бил под стрес поради работата и неговиот супервизор.

Во јули 2015 година, 33-годишен Британец исто така бил пронајден обесен во својата кабина додека крузерот бил на францускиот брег. Ова исто така бил прв договор за починатиот кој работел на крузерот “Crystal Serenity”.

tocka.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top