| четврток, 6 декември 2018 |

Во најстрога тајност, Меган Маркл ќе го посети татка си!

Кон крајот на август, после неколку месеци исчекување, во Америка ќе се сретнат војвотката од Сасекс, Меган Маркл и нејзиниот татко, Томас Маркл.

Ако може да се потпреме на информациите од британскиот магазин „Mirror“, Меган Маркл за тоа патување се подготвува сама, без својот сопруг, принцот Хари. На оваа посета исклучително се радува 74-годишниот татко на Меган, кој е поранешен директор за расвета во Холивуд.

Тоа би била првата средба на таткото и ќерката после неколку месеци, а особено после сѐ што се случи неколку дена пред нејзината венчавка на 19-ти мај, но и после тоа, кадешто Томас Маркл на крајот не се ни појавил за да ја испрати својата ќерка до олтарот, оправдувајќи се со здравствени проблеми.

Поради непријатната ситуација, кога во пресрет на венчавката ги продал своите фотографии на таблоидот, Томас Маркл наводно изрежирал срцев удар и операција, а од тогаш не престанува да дава интервјуа, особено за британските медиуми, во кои ја користи секоја прилика да го извалка образот на својата ќерка.

PREMIUM EXCLUSIVE. Coleman-Rayner
Los Angeles, CA, USA. March 21, 2018
This exclusive collect photo shows a young Meghan Markle on her high school graduation day, accompanied by her father Thomas Markle Senior.
CREDIT MUST READ: Coleman-Rayner
Tel US (001) 310-474-4343- office
www.coleman-rayner.com

Томас наводно е очаен поради тоа што неговата ќерка се откажала од него, затоа најави дека нема да престане да дава интервјуа и изјави, сѐ додека повторно не се смират. Изгледа дека Меган сфатила дека е многу подобро и попаметно да се смири со татка си, особено поради нејзиното ново, кралско семејство. Па, токму затоа одлучила да отпатува во Америка, кадешто ќе се обиде да ја смири целата ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top