| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој набавувал дефибрилатори во времето на Тодоров му е кум на Васко Наумовски, а не на Мартин Протогер

Човекот кој набавувал дефибрилатори во времето на Тодоров му е кум на Васко Наумовски, а не на Мартин Протогер, дознава „Република“.

Во текстот „Неофицијално: Филипче ја преземал идејата за тендерот од Тодоров“, објавен на Нова ТВ, пишува дека човекот кој наводно добивал тендери во здравството во времето кога министер за здравство беше Никола Тодоров е кумот на Мартин Протогер.

„Дознаваме дека  фирмата подизведувач АХР ЛАБ која во Централен регистар е со основачки влог од само 5000 евра, е само покритие зад кое стоела фирма на кумот на Мартин Протогер, човекот кој го доби скандалозниот тендер за дефибрилатори, како и многу други тендери во здравството.“

Всушност, човекот за кој пишува во тексто на порталот му е кум на Васко Наумовски, а фирмата, семеен бизнис, повеќе од 25 години е претставник на реноморани компании од областа на медицината во Македонија. Во текот на две и полдецениското работење на фирмата не биле забележани активности преземени во спротивност со законот.

Освен тоа, медиумите блиски до СДСМ долг временски период континуирано манипулираат со јавноста со цел да му нанесат политичка штета на Мартин Протогер. Ваквите текстови се груб обид за спинување на големите скандали на Венко Филипче, кадар на Шекеринска, а назначен за министер во здравството во корелација со веледрогеријата „Д-р Пановски“, чијашто сопственичка е д-р Ирина Пановска – Ставридос, најдобра другарка на Шекеринска.

Филипче без тендер доделил 24,6 милиони денари на веледрогеријата „Д-р Пановски“

Овој текст е последен во низата шпекулации кои со години ги готви кујната на СДСМ против Мартин Протогер. Информациите кои тенденциозно лажно ги пласираат овие медиуми лесно можат да се проверат, а можат да се земат предвид и необјавените деманти кои со години им ги испраќа Протоѓер на овие медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top