| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува притисокот на власта врз неистомислениците: Полицијата врши претрес во куќата на Јакимовски

Притисокот на власта повторно се покажува на дело, полицијата врши претрес во куќата во Жданец на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, објави Телма. Со цел да се отргне вниманието на јавноста од скандалите кои секојдневно ја следат оваа власт и нејзиното владеење, неистомислениците мета за прикривање на вистинскиот криминал кој се случува во државата.

Претресот се врши по налог на друга државна институција, заради сомневање за злоупотреба на службена должност.

Не се искллучува можноста тој да биде приведен и однесен на распит.

Дека се врши тортура и притисок и дека ништо не е случајно покажува и фактот што лидерот на „ГРОМ“ Стевче Јакимовски, деновиве преку својата колумна јавно повика на бојкот на референдумот.

Тој напиша:

-Треба да им е јасно, не кривични пријави, затвори, закани, руски етикетирања и останати булшитови нема да им помогнат. На референдум не излегуваме!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top