Државната изборна комисија (ДИК) планира да потроши 169.770.000 денари за целосно спроведување на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи на 30 септември. Како што образложи денеска претседателот на Комисијата Оливер Дерковски тоа е намалување за 20 проценти во однос на средствата одобрени од Собранието на РМ во износ од 210 милиони денари.
– ДИК има обврска да донесе финансиски план за распоредување на овие средства. Во овој план првично се планира да се потрошат 169.770.000 денари, односно 20 проценти помалку од предвидените. Планот не значи дека ова е дефинитивната бројка. Се надеваме дека по спроведување на тендерите ќе се изврши натамошно намалување на средствата со цел рационално трошење на парите од даночните обврзници, рече Дерковски.
Согласно планот, предвидени се и средства во износ од 80 милиони денари за надоместоци за изборните органи, односно за општинските изборни комисии и избирачките одбори во земјата, како и за избирачките одбори во дипломатско – конзуларните претставништва.
За членовите на ДИК, како што нагласи Дерковски, не се предвидени бонуси.
Во однос на Годишниот план за јавни набавки во 2018 година, беше посочено дека со цел навремено завршување на подготовките за референдумот, а во согласност со законот, тие ќе се извршуваат по итна постапка.
Утврдена е и потреба за формирање помошни тела за доекипирање на ДИК, исто така во функција на навремено завршување на обврските утврдени со рокови. Имено, испомош се бара во делот на навремени преводи на сите документи на јазиците на заедниците, за магацински работи поврзани со спремање на гласачките кутии и китови за гласање, како и за онлајн следење на резултатите на самиот ден на референдумот.
Во однос на другите ставки за трошоци беше истакнато дека за 15,9 проценти се намалени трошоците за набавка на изборни материјали.
Инаку, дијаспората ќе гласа на 29 септември. За таа цел изработена е апликација со која гласачите од дијаспората ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список од 9. до 23 август. Секој граѓанин може да се пријави за гласање во абмасадите или електронски.
ДИК на денешната седница одлучи да го продолжи до 10 август рокот за доставување на ценовниците за медиумско претставување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст