Mинистерството за одбрана најенергично ја демантира веста дека ѝ доделило државни пари, 400.000 евра, на фантомска невладина организација, во чијшто управен одбор членува министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија, проф. д-р Зоран Шапуриќ.
Демантот испратен во Економски лидер, Курир, Република го објавуваме во целост:
„Министерството за одбрана наојостро реагира против лагите и тенденциозните написи објавувани деновиве од овие портали. Очигледна е нивната цел постојано да пласираат лажни вести поради нервозата од курсот кој Република Македонија неповратно го зазема: исполнување на стратешките приоритети за членство во ЕУ и НАТО. Нервозни се поради добиената покана од НАТО. Нервозни се поради започнатите пристапните разговори за полноправен прием на нашата земја во Алијансата. Нервозни се и поради промените кои се случуваат во насока на транспарентност.
Затоа пласираат лаги за конкурс кој за прв се распишува јавно и транспарентно во Министерството за одбрана. За разлика од праксата до 2016 година кога Министерството за одбрана доделувало парични средства на невладини и други граѓански организации преку договор во четири очи, без повик и без процедура, од оваа година за првпат тоа е направено преку Јавен повик на кој можеа да се пријават сите заинтересирани. Исто така е спроведена и целосно транспарентна постапка, а резултатот од Јавниот повик беше објавен на интернет страницата на Министерството за одбрана при што сите заинтересирани можеа да добијат увид.
Ги повикуваме наведените портали кои се служат со лаги и измислици за да ги постигнат своите цели, да го прочитаат демантот на министерот Зоран Шапуриќ од кој е јасно дека нивните конструкции се само ефтин обид да предизвикаат недоверба во јавноста кон државните институции.
Истовремено ги повикуваме надлежните институции да проверат дали некој неовластено користел или злоупотребувал имиња на јавни личности и во таков случај да реагираат соодветно и обезбедат одговорност.“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст