| четврток, 6 декември 2018 |

Едвај останавме на нозе, но горди сме: Имаше, Оли, три погреба во два дена

Три дена беше тоа што никогаш не сакаше да бидеш – важен, почитуван, сакан од сите познати и непознати луѓе. Морам да ти кажам дека се случи спонтано, без притисок. Ние дома знаевме дека луѓето те сакаат, но бевме шокирани од количеството емоции кои ги доживеавме. Имаше, Оли, три погреба во два дена.

Ова е дел од прошталното писмо на Весна, сопругата на Оливер Драгојевиќ која една недела по неговата смрт успеа да пронајде вистински зборови и да се прости со човекот со кого делеше и добро и зло цели 45 години, пишува „Слободна Далмација“.

– Едвај останавме на нозе, но горди сме на сите случувања поврзани со тебе. Како што рече Џибони, ова море е само за тебе. Ти знаеш дека сме добро. За некој ден ќе се роди Марко, твојот шести внук кој никогаш нема да го видиш, но знаеше дека доаѓа. Малиот Тони ме праша: Бабо, што се овие свеќи пред нашата куќа? Му реков дека луѓето ги оставаат бидејќи дедо почина. Знаеш што ми рече: Зошто ги има толку многу? Гледаш, за него и за сите нас беше само дедо и сигурна сум дека и ти тоа би му го кажал. Впрочем, така и те доживувавме – напиша Весна Драгојевиќ во емотивното обраќање.

– Знаеш колку се сакаме и тоа ти беше најголемата среќа во животот. Секогаш ќе бидеш капетан на нашиот брод и ќе пловиме каде што треба, каде што ќе ни биде убаво. Ќе не чуваш како и досега, а ние ќе го следиме твојот траг во бесконечноста – напиша сопругата на Оливер.

женскимагазин.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top