| четврток, 6 декември 2018 |

Дуа Липа го менува името пред настапот во Скопје: Од 30 септември ќе се викам Лепа Цеца

Познатата британска пејачка со косовско потекло Дуа Липа со цел поддршка на македонските евро-атлантски интеграции не само што ќе одржи концерт во Скопје, како што најавија попладнево повеќе медиуми од Македонија, туку и самата ќе даде личен пример како треба да се однесува еден одговорен современ модерен човек.

Липа ќе пее во Скопје најверојатно во организација на албанската дијаспора и партијата ДУИ, на концерт неколку дена пред референдумот кој ќе има за цел да ги мотивира гласачите да излезат и да гласаат за прифаќање на договорот за промена на името и влез во НАТО и ЕУ.

„Но, не доаѓам само за парите кои ќе ги добијам од овој концерт, туку навистина верувам во евро-атлантскиот пат на вашата држава и затоа сум подготвена со личен пример да ви покажам како треба да се однесува еден современ модерен човек кој сака мир на балканите. Затоа најавувам дека од 30 септември веќе нема да го користам името Дуа Липа туку ќе се викам ЛЕПА ЦЕЦА. Тоа ќе го направам за да со позитивен пример влијаам на сите на овие бурни простори, за да покажам дека сите на балканскиот полуостров, а особено Албанците и Србите треба да се сакаме неизмерно, па одбрав име кое е комбинација од моите две омилени пејачки во животот, Лепа Лукиќ и Цеца Ражнатовиќ. Ако можам јас да го променам името за мир на балканот, ќе може и Македонија и тоа е пораката која сакам да ја пратам. Скопје, се гледаме наскоро!!!“, вели Дуа Липа за магазинот НПР од Холандија, каде во моментов го снима својот нов албум.

Дуа Липа вели дека одредено време ќе го користи името ЛЕПА ЦЕЦА (екс Дуа Липа) додека фановите се навикнат на новото име, а после една година или 18 месеци најдоцна, ќе остане само со името ЛЕПА ЦЕЦА.

Се очекува на концертот на Дуа Липа да дојдат десетици илјади млади кои не се сигурни дали ќе гласаат за промена на името и ќе се убедат токму со помош на песните на Дуа Липа / Лепа Цеца.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top