Деми Ловато американската пејачка и актерка се огласи за првпат откако беше примена во болница заради предозирање, ветувајќи дека ќе продолжи да се бори со зависноста.
Дваесет и петгодишната Ловато на Инстаграм им се заблагодари на семејството, на медицинскиот персонал и на обожавателите, наведувајќи дека секогаш била транспарентна во врска со нејзината зависнoст.
– Научив дека оваа болест не е нешто што исчезнува или избледува со текот на времето. Ова е нешто што мора да го надминам, а се уште не сум успеала… Благодарна сум му на Бог што ме одржа жива. На моите обожаватели, вечно сум им благодарна за љубовта и поддршката… Сакам да се заблагодарам на моето семејство, на мојот тим и вработените во болницата. Без нив, не би била тука да го напишам ова писмо… Сега ми треба време да се излечам и да се фокусирам на својата трезвеност… Ќе продолжам да се борам – пишува меѓу другото во објавата на Деми Ловато на Инстаграм.
Ловато во повеќе прилики говореше за зависноста од дрога и алкохол, како и за психичките проблеми. Била лекувана заради нарушена исхрана, а има изјавено и дека страда од биполарно нарушување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст