| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци крадат куфери во Египет

Внимавајте на своите куфери кога патувате на одмор, за да не останете без нив. EМагазин објави случка која им ја пренеле читатели кои откако со чартет лет од Скопје слетале во летувалиште во Египет уредно си го подигнале багажот од аеродромот и со останатите од групата се упатиле кон автобусите кои што требало да ги однесат до хотелите.

Куферите ги сместиле во оделот за багаж во автобусот, но кога стасале во својот хотел доживеале шок- куферите ги немало.

Веднаш пријавиле кај локалниот тур оператор и кај обезбедувањето на хотелот кои со асистенција на полицијата после неколку часа куферите ги нашле во друг хотел каде што се сместиле другите македонски туристи од групата.

Како што ни раскажаа, крадците бидејќи први се симнале од автобусот, ги украле куферите и си ги однеле со себе во својот хотел.

За среќа, оваа непријатна случка имала позитивна разрешница, но останал шокот на нашите читатели и згрозеноста на локалните тур оператори од нецивилизацискиот потег на некои македонски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top